
Откупните компании се уште имаат договорен, а неоткупен тутун околу 500 – 600 тони
Тутунарите велат дека за откуп се останати околу 1,8 милиони килограми тутун, вклучително и количините кои не се опфатени со договорите.
Тутунарите велат дека за откуп се останати околу 1,8 милиони килограми тутун, вклучително и количините кои не се опфатени со договорите.
-Откупните компании се уште имаат договорен, а неоткупен тутун. Се работи за приближно 500 – 600 тони. Веруваме дека Собранието во најскоро време ќе ги усвои измените и дека сепак, реколтата ќе биде откупена во целост, заедно со вишоците, изјави за МИА претседателот на Сојузот на тутунските здруженија, Менде Стомнароски.
На денешната пленарна собраниска седница се два предлог-закона за измени на Законот за тутун. Со едниот, поднесен од група пратеници од владејачката коалиција, се бара пролонгирање на рокот за откуп до 31 март, а со другиот, поднесен од група пратеници од опозицијата, се бара, како што е наведено, да се надминат проблемите со редовниот организиран откуп, обезбедување правна сигурност при откупот на тутунот и допрецизирање на третманот на неферментираниот тутун.