fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Србија ја измени одлуката за ограничен извоз на жито

Владата на Србија донесе уредба за вонредна интервентна мерка за поддршка на производителите на брашно и за тие цели определи 160.000.000 динари.

Владата на Србија донесе уредба за вонредна интервентна мерка за поддршка на производителите на брашно и за тие цели определи 160.000.000 динари.

Поддршката ќе се однесува на производители регистрирани за вршење на дејност мелење до 15 ноември 2021 година, а кои испорачале брашно во пакувања до пет килограми (вклучително и пет килограми) од типот Т-400 мазно и Т-500, се наведува на веб-страницата на српската Влада.

На тој начин ќе се задржи досегашниот обем на производство на брашно и ќе се спречи потенцијално нарушување на пазарот што може да доведе до недостиг, се објаснува во соопштението на српската влада.

Освен ова, изменета е и Одлуката за привремено ограничување на извозот на основните земјоделско-прехранбени производи значајни за населението, со која за да се олесни извозот на овој вид производи, сега се воведуваат квантитативни ограничувања на извозот на квартална основа наместо на месечно, како што беше случајот досега.

– Оваа мерка е донесена со цел да се спречи недостиг на тие производи – пишува во соопштението.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close