fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Екологистите негодуваат: Требаше да се зaбранат секакви кеси, пластични чаши, сламки

Од денес се укинуваат пластичните кеси

Баравме во новиот закон да бидат забранети сите пластични кеси за пазарување, вклучително и тие што ќе се нарекуваат еколошки и што ќе се продаваат по 15 денари, велат од Иницијативата за забрана на пластични кеси.

Цената од 15 денари за една биоразградлива пластична кеса во трговијата, како и забраната за употреба на пластичниот прибор за еднократна употреба во заштитените подрачја – нови правила што важат од денеска – се само мал дел од она што би требало за значи прочистувањето на Македонија од пластичната амбалажа, велат екологистите. Тие потсетуваат дека од почетокот на јули годинава, ЕУ ја забрани употребата на сламките, пластичните чинии и прибори за јадење, чепкалките за уши. Забранети се дури и пластични држачи за балони, стапчиња за мешање коктели. Планот е до 2030 година целиот пластичен отпад во ЕУ да може да се рециклира. ЕУ направи отстапка за таканаречената „пандемиска пластика“, односно медицинската пластика, вклучително и маските и ракавиците.

 

 

Од Иницијативата за забрана на пластичните кеси сметаат дека новите правила се половични и неефикасни и поради тоа што од забраната се изземени пластичните кеси со адитиви наречени „оксоразградливи кеси“ за полесно да ѝ се продадат на јавноста како „еколошки“.

– Тоа, пак, овозможува нашата земја да биде преплавена со пластични кеси, и покрај тоа што тие се законски забранети. Баравме во новиот закон да бидат забранети сите пластични кеси за пазарување, вклучително и тие направени од оксоразградлива пластика – посочуваат екологистите. Оксоразградливата пластика спаѓа помеѓу производите од еднократна пластика што ги забрани ЕУ во јули годинава.https://www.slobodenpecat.mk/ekologistite-negoduvaat-trebashe-da-se-zabranat-sekakvi-kesi-plastichni-chashi-slamki/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close