
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула
Од градовите најниска минимална температура беше измерена во Крушево -10°C каде висината на снежната покривка изнесува 5см.
Утрото ведро и студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен северен ветер.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ:Следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула. Дневните температури ќе бидат во пораст. До петок ќе дува умерен северен, а од петок јужен ветер кој во деновите од викендот ќе биде со засилен интензитет.