fbpx
ВестиМеханизацијаТоп вести

ИНО Брежице лидер по производство на машини за еколошка  обработка

ИНО Брежице од Словенија е компанија која на пазарот опстојува повеќе од  60 години. Во текот на своето постоење  стана препознатлива по производство на машини за земјоделство и комунални дејности. Нејзините почетоци се в пишани во 1957 година.  Под  брендот  ИНО  е  на пазарот од 1989 година.

Претприемништво, иновации и квалитет  е мотото на кое се темелат успесите на компанијата. Со своите производи, компанијата сака да  задоволи широк  спектар на клиенти.  Со  квалитетот на машините што ги нуди сака да им   ги  намали трошоците  на  корисниците на машините. Нон-стоп компанијата ги подобрува машините и на тој начин се прилагодува на потребите на клиентите. Компанијата има еколошки пристап кон животната средина и придонесува за преработка на здрава храна.

 

Целта на компанијата  е успешна работа, што ќе придонесе задоволство на сопственикот, работникот иводечкиот тим.  Од ова  произлегува  главниот приоритет на компанијата,  да се обезбеди и да се зголеми задоволството на клиентите со производи кои се безбедни, функционални и навремени на пазарот.

  

Визија на компанијата е да стане водечки европски производител на машини и опрема за  еколошка обработка на зелените површини во земјоделството и комуналните дејности.

    

Во широката палета на машини се ноѓаат најразлични видови на мулчери, растурачи на ѓубре, сеалки и подривачи.

Р.З.Б.

Слични написи

Back to top button
Close