fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Дождлива пролет – ХС Стрежево ја започна сезоната за наводнување во Пелагонија

"Стрежево" спремно ја започна сезоната за наводнување со висок степен на ликвидност и позитивен биланс за 2022 година

“Стрежево” спремно ја започна сезоната за наводнување со висок степен на ликвидност и позитивен биланс за 2022 година
Од 1 ви јуни ја започнавме сезоната за наводнување на 20.200 хектари земјоделска површина во Пелагонија а на залиха имаме доволно репроматеријали
По Главниот канал испорачуваме околу 6 m3 вода а со потребната динамика се полнат главните и делничните цевководи.
Моменталната зафатнина на акумулацијата Стрежево изнесува околу 100 милиони m3 вода, имаме одличен водостој на акумулацијата што га­ра­­­нтира навремено и квалитетно во­до­­­снабдување на земјоделските по­­вршини во Пелагонија, водоснабдување на населението преку ЈКП Водовод на оп­ш­ти­ните Би­тола, Могила и Новаци, како и покривање на потребите за водоснабдување на РЕК Би­т­ола, ЗК Пелагонија и локалните инду­­стриски капацитети.
Претпријатието во изминатиот период (2018 – 2023) во цевководната мрежа и Главниот канал вложи околу 97 милиони денари во цевки и хидромеханичка опрема односно околу 10.500 метри цевки од различен профил.
Во изминатата година имавме најголеми приходи од основањето на претпријатието а расходите ги намаливме на минимум. Кога ќе ги ставиме на хартија реални приходи и расходи 2022 ја завршивме со биланс на успех од околу 28 милиони денари во позитива.
Стрежево е високо ликвидно претпријатие и од сопстени извори вложува во капитални инвестиции, објави директорот на Стрежево Менде Граматковски на фејсбук по днешната прес конференција во битолско.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close