fbpx
Вести

Тендер за купување дрва

tender za kupuvanje drva

Приватните стоваришта кои имаат регистрирани складови и сакаат дрва за продажба, може да аплицираат во „Македонски шуми“.

Тендерот за купување дрва е во тек, а рокот за поднесување на докумантација е до крајот на март. Условите за аплицирање на јавниот повик  се исти, поради што доректорот Жарако Караџовски е задоволен од заинтересираноста на складиштата.
„Очекуваме продажбата да биде на ланско ниво, но и поголема. Од она што гледаме, интересот е голем. Втора година го практикуваме овој начин на продажба, подостапни сме на граѓаните и на тој начин сме подостапни за граѓаните.“ – вели Жарко Караџовски, директор на ЈП Македонски шуми.
Дел од сопствениците на приватните складишта на дрва пак велат, ЈП Македонски шуми селективно го доделува тендерот. Сопствениците кои ги контактиравме не сакаа да зборуваат пред камерата на 24 вести, бидејќи се плашат дека ќе ја изгубат лиценцата, но зад камерите велат,
„Секоја година учествувам на тендерот но две години по ред ме одбиваат. Не ми дадоа образложение зошто, туку ми рекоа сам да се снајдам како знам и умеам. Лани набавував дрва од Србија по повисока цена. Македонски шуми тендерот го доделува на едни исти приватни складишта.“
Друг пак коментира:
„Не учествувам на тендерот на Македонски шуми зошто знам дека ќе бидам одбиен.“
Трет сопственик на приватен склад вели:
„Мислам дека условите за учество на тендерот треба да се сменат, но не смеам да зборувам за тоа.“
Караџовски го промовираше и новиот систем за електронско следење на дрвната маса од сечењето, складиштата и крајниот потрошувач, со системот вели ќе се спречат можните злоупотреби. Тој вели дека годинава помалку ќе има огревно дрво, а ќе се зголемува продажбата на пелети, бриќети и дрвен чипс при што вели се подготвува бизнис план за изградба на фабрика за пелети. Јавното претпријатие кое беше на црната листа на УЈП веќе не е, бидејќи државата ги плати долговите.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close