fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Жена се изгубила додека берела печурки во Охридско, пронајдена е дури утрово

Изгубеното лице е пронајдено во добра здравствена состојба.

Регионалниот ЦУК Охрид, известува од СВР Охрид дека едно лицето од с. Горно Средорече дека се изгубило од 20:40 часот вчера (20.06.2023 година) и по него е организирана потрага. По целовечерна, тимски комбинирана, потрага во раните утрински часови изгубеното лице е пронајдено во добра здравствена состојба.

„Имено, сопругот, кој го пријавил исчезнувањето, информирал дека биле задно да собираат печурки на различни локации низ шума. Кога требало да се сретнат на договореното место, кај нивниот автомобил, лицето не се појавило. Во потрага по исчезнатото лице била вклучена и единицата за спасување на планина со куче за обучено за пребарување, екипа на полицијата од СВР Охрид, како и мештани од селото, и роднини на исчезнатото лице. Потрагата траела за дел од трагачите до еден часот по полноќ, дел од мештаните и роднините останале на терен“, велат од ЦУК.Утрово од 05.00 часот сите екипи излегле на терен, по што за кратко време изгубеното лице било пронајдено.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close