Есенска употреба на подобрувач на почва Тераграмин
Вредните земјоделци ја завршија или ја доведуваат до крај една од најважните работи оваа година, а тоа е длабоката есенска обработка на почвата. Сите оние кои ја извршиле есенската обработка треба да знаат што корисно направиле, а оние кои сеуште тоа не го сториле да се потсетат на значењето на основната обработка на почвата во есен.
Најважната задача на есенската обработка на почвата е таа да се доведе во состојба да може да ги прими и сочува зимските врнежи.
Исто така значајно е тоа дека есенското орање овозможува предсеидбена подготовка на почвата.
Квалитетот на орањето во најголема мера зависи од збиеноста и состојбата на влага во почвата. Состојбата на влага при која почвата најлесно и најквалитетно се обработува се нарекува ФИЗИЧКА ЗРЕЛОСТ ЗА ОБРАБОТКА. Почвата е физички зрела кога 50 – 60% од вкупниот волумен на почвените пори се исполнети со вода.
При есенската подготовка на почвата се нанесува Тераграмин во количина од 1 тон/декар и се инкорпорира во почвата со заорување. Притоа со употребата на подобрувачот на својства на почва Тераграмин се постигнуваат следниве цели:
- Создавање на ровка структура и доведување во состојба на биолошка зрелост на почвата.
- Подобро продирање на коренот во почвата – обработената почва е порастресита и има помал физички отпор. Во таква почва коренот подобро се развива и полесно продира.
- Побрзо впивање на водата и нејзино задржување ( до 60% ).
- Аерација на почвата – се зголемува вкупниот волумен на почвените пори, особено на макропорите, што овозможува зголемена размена на гасовите помеѓу почвениот и атмосферскиот воздух.
Подгответе ја својата почва со Тераграмин оваа есен и сигурно ќе бидете задоволни од резултатите идната година!