fbpx
ВестиСовети

Тераграмин до тутунарите преку откупните центри

Според процентот на засадени површини со тутун во некои општини во Република Македонија во однос на другите земјоделски култури, главно занимање и егзистенција на населението е производството на тутун. Тутунот може да се произведува на целата територија на Република Македонија, но сепак климатско-почвените услови се одразуваат на неговото производство. Квалитетната почва како основен предуслов за успешно земјоделско производство игра значајна улога и при одгледувањето на тутунот, поради што примената на соодветна агротехника во голема мера може да влијае на подобрувањето на квалитетот на почвата. Со употребата на Тераграмин, почвата станува лесна, растресита, попогодна за обработка, бидејќи ја намалува нејзината пластичност и лепливост. Се балансира нејзината pH вредност и се подобрува нејзиниот капацитет за размена на позитивните јони. Подобрениот квалитет на почвата значи нејзина подобрена структура, водно-воздушен и топлотен режим, аерирана почва која е жива и која диши, а истовремено станува поекономична за обработка.

При употребата на Тераграмин на нива количините се движат од 1-1,5 т/декар. Се расфрла со ѓубре-растурач и потоа се заорува, за да не остане на површината. Еднаш аплициран во почвата, тој има продолжено дејство во наредните најмалку 5 години. Дури и во случај на плодоред, поради подобрената структура на почвата, бенефитот ќе се одрази и на другите култури кои што ќе се засадуваат на третираната почва. Третираната почва ги задржува полесно хранливите материи од ѓубривата во себе, со што се подобрува нивното искористување. Со својата порозна структура апсорбира до 60% влага, која постепено ја испушта согласно потребите на растението. Ова особено е значајно во услови на исклучително сушни периоди.

Силициумот во составот на Тераграмин ја поттикнува фотосинтезата и создавањето на хлорофил во листовите на тутунот. Ја зголемува активноста на коренот, намалувајќи го полегнувањето на долните листови и создава силно стебло. Подобрената апсорпција на светлината влијае на неговите физиолошки, морфолошки и технолошки карактеристики. Со употребата на Тераграмин се врши подобар пренос на хранливите материи до листот каде истите се складираат и поради тоа тие имаат подобри органолептички својства, подобра боја и арома.

При подготвувањето на леите за расад, Тераграмин се аплицира во количина од 2 кг/м2 и добро да се меша со земјата. Притоа се постигнува побрзо проникнување на семето, подобрено вкоренување на новото растение и се добива здрав расад кој подоцна ќе се пресади на нивата.

Штетните влијанија врз почвата од претераното и долгогодишното третирање со ѓубрива и заштитини средства можат да се неутрализираат и да се врати нарушениот баланс. Почвата се прочистува и ревитализира.

Според сознанијата од терен, третираните површини бележат зголемен принос во однос на нетретираните. Со употребата на Тераграмин се постигнува порамномерен раст на стеблото, поголема количина набран тутун со подобар квалитет.

Поради овој факт, компанијата производител Скопски Легури, активно преговара со откупните центри, за можноста Тераграмин да биде полесно достапен до крајните корисници – земјоделци кои произведуваат тутун и истите да можат да го добиваат заедно со семето и другите репроматеријали.

 

Во наредниот период ќе се посетуваат регионите во кои тутунот е доминантна земјоделска култура и ќе бидат одржани презентации и советувања со тутунарите за нивно детално информирање.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close