fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Стојкоски-Трите денари за пченицата ќе бидат исплатени до 15 ноември оваа година

НОВА ВЕСТ ПРОЧИТАЈТЕ!!!По разговорите на Стојкоски со министерот Николовски и директорот на Платежната агенција Бачовски

Асацијацијата на земјоделци и фармери на Р.Македонија чии претседател е Петре Стојкоски на средба со  министерот Љупчо Николовски и директорот на Платежната агенција Никица Бачовски на разговори во Скопје ја потврдија информацијата дека исплатата  на ветените 3 денари за пченицата од годинешната реколта како дополнителна помош од државата ќе се реализира до 15 ноември 2023 година.

Стојкоски штитејќи ги интерсите на земјоделците побара одговор од надлежните институции за исплатата на средствата, при што најави дека исплатата ќе биде добредојдена кај земјоделците производители на житни култури за успешно завршување на есенската сеидба.

-Асоцијацијата разговараше со министерот за земјоделие Љупчо Николовски и директорот на Платежната агенција-Никица Бачовски и од разговорот произлез дека исплатата од 3 денари за предадена пченица во откупните пунктови или регистриран откупувач,  парите ќе ги добијат до 15 ноември оваа година. Тоа значи дека како производители на жито ќе имаме одредани финансиски средства за успешно да ја завршиме есенската седиба, изјави Стојкоски за Зелена берза.

А.Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close