fbpx
Без категорија

Тетовските земјоделци не добија отштета – Образците не биле пополнети како што треба

„Ние од таа штета сме во загуба, наместо да садиме тоа што го садевме секогаш, оваа година не успеавме ниту пола од тоа да го садиме бидејќи немаме буџет. Земавме на вересија од земјоделските аптеки, земавме но немавме можност да платиме, тие веќе не ни даваат. Минатата година имав 21 хектари пченица, годинава само 7, минатат година садев 2 илјади садници домати, а годинава само 500. Бројот на сите производи ни е многу помал, помалку од половината од тоа што имав минатата година, не можам да платам, аптеките не ни даваат без да платиме“.

Земјоделците во Тетово се жалат дека не го добиле надоместокот што им следува, ниту од 2023 година, ниту од јуни 2024. Велат дека после последните штети, годинава не саделе бидејќи немаат пари и дека се во сериозни долгови кон земјоделските аптеки и затоа не земале производи без да платат. Тие упатија повик што поскоро да го добијат надоместокот за штетите, објави ТВ 21.

„Ние од таа штета сме во загуба, наместо да садиме тоа што го садевме секогаш, оваа година не успеавме ниту пола од тоа да го садиме бидејќи немаме буџет. Земавме на вересија од земјоделските аптеки, земавме но немавме можност да платиме, тие веќе не ни даваат. Минатата година имав 21 хектари пченица, годинава само 7, минатат година садев 2 илјади садници домати, а годинава само 500. Бројот на сите производи ни е многу помал, помалку од половината од тоа што имав минатата година, не можам да платам, аптеките не ни даваат без да платиме“, велат земјоделци.

Од владината комисија за обесштетување велат дека проблемот е кај општина Тетово бидејќи не ги пополнила образците како што треба и документацијата е вратена неколку пати.

„Оценката на вкупната вредност на штетата треба да ја направи општинската комисија врз основа на барањата за надомест на штетата од граѓаните и како таква, според методологијата, општинската комисија го доставува комплетниот предмет до комисијата формирана од Владата. Освен што не е одредена општата сума на штетата, исто така предметот не е комплетиран и врз основа на методологијата и табелите кои се составен дел од методологијата, не се пополнети согласно тоа што го бара законот. Има и други општини со истиот проблем со комплетирањена предметот според методологија, како Велес, Долнени, Гевгелија итн.“, вели Фатмир Сабриу.

Извор ТВ 21

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close