fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Тетовските земјоделци се уште чекаат обештетување за уништените посеви лани

Во Тетово поплавите пред една година оштетија стотина хектари земјиште засадено со земјоделски култури, како и десетици куќи и дуќани, кои претрпеа штети. 

Општина Тетово се уште нема поднесено документи за обештетување на земјоделците и објектите кои беа оштетени од поплавите од пред една година. Доцнењето настанало поради пречки при утврдување на просечната цена на земјоделските производи. Од комисијата за проценка на штети при општина Тетово велат дека проблемите сега се надминати и се очекува наскоро да заврши регистрацијата на документите, објави https://alsat.mk/
„Комисијата ја надмина оваа пречка и започна со конечна регистрација на документите, по што владината комисија ќе започне со нивната конечна проценка и исплата на штетите на земјоделците”, велат од Општина Тетово.

Од второстепената владина комисија за надомест на штета велат дека имало одредени пропусти, но дале соодветни препораки за нивно подобрување и се очекува наскоро да пристигне предметот, по што ќе започне обесштетувањето на штетите.

„Комисијата која работи во рамките на Владата во втор степен, беше формирана во август минатата година и веднаш почна со работа за разгледување на сите предмети кои доаѓаат од локалните самоуправи. Го разгледавме и барањето на општина Тетово за обесштетување на штети, но истата имала пропусти и во првиот момент комисијата а која работи во рамките на општина Тетово, ќе го заврши случајот. Веднаш ќе се обврземе да ја известиме Владата за да се обезбеди обештетување и за општина Тетово“, рече Фатмир Сабриу- член на владината комисија за надомест на штети.

Во Тетово поплавите пред една година оштетија стотина хектари земјиште засадено со земјоделски култури, како и десетици куќи и дуќани, кои претрпеа штети.

Алсат.мк – Башким Сулејмани

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close