fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Изгор цени на дрвата за греење, тешко на народот

Буково дрво достигна 4600 денари за кубик. За дабово се плаќа и до 4800 денари, за еден кубик

Дрва има, ама само по високи цени

Во делот на огревното дрво, ситуацијата со количините не е толку алармантна, но затоа цените растат. РСЕ побара информации за цените во неколку складишта. Успеавме да „обезбедиме“ буково дрво за од понеделник за 4600 денари за кубик. За дабово ни рекоа дека ќе мора да почекаме две недели, а цената ќе биде 4800 денари, за еден кубик.

Огревното дрво е единствениот енергенс што не поскапе досега, ама само според ценовникот на најголемиот производител ЈП „Национални шуми“. Сепак овие дрва се резервирани за објекти како училишта или градинки, за дел од пензионерите, ретко за физички лица. Од кај нив земаат дрва и приватните складишта, но таму си има други трошоци и маржи, па затоа цените годинава се вивнаа по 5000 денари за кубик.

епак, и од ова јавно претпријатие побараа владата да им дозволи покачување на цените за 20% поради енормниот раст на трошоците. Валентин Груевски, директорот на ЈП „Национални шуми“ вели дека 13 години немале поскапување, па затоа кубик даб го продаваат по 2900 денари.

Независно од владината одлука, верува дека дрва годинава ќе има во доволни количини бидејќи ќе имаат поголемо производство. Согласно Програмата за работа за 2022 година на ова претпријатие, планот за производство на огревно дрво е во количина од 516.032м3, наспроти ланските околу 430 000 кубни метри и прекланските 470 000.

„Сега се создава непотребно паника, меѓутоа дрва ќе има. Е сега прашање е по која цена ке се набават, инаку дрва ќе има“, вели Груевски.

Единствено додава, проблем може да се јави поради неможноста да се процени колку луѓе годинава ќе се греат на дрва, бидејќи цената на другите енергенси драстично порасна.https://www.slobodnaevropa.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close