fbpx
Без категоријаВестиТоп вести

За неколку дена завршува јавниот повик за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари

За разлика од огласите за кои што МЗШВ ги објавува расположливите парцели, со овој јавен повик МЗШВ им овозможува на земјоделците доколку имаат информации каде има слободна земја, самоиницијативно да пројават интерес преку изготовка на геодетски елаборат и прибирање на сите потребни документи пропишани со јавниот повик. Единствено, земјоделците треба да внимаваат земјиштето да не е предмет на денационализација и да не е веќе дадено под закуп.

За неколку денови завршува јавниот повик за доставување на понуди за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари. Односно, најдоцна до 11-ти јануари следната година, сите заинтересирани за овој јавен повик, треба да достават комплетна документација со пријава за апликација односно за интерес до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Овој јавен повик е наменет за целокупното земјоделско земјиште во државата или за 34 региони. Целта на овој повик е да се стави во функција целото располжливо земјоделско земјиште, особено оние парцели од 4,5,6,7 и 8 класа, а кои што можат да се искористат за производство.

„На овој начин создаваме поволни услови, сите земјоделци кои веќе се занимаваат со земјоделство, оние што сакаат да го прошират своето производство или да започнат агробизнис, да склучат договор со МЗШВ и да дојдат до земјиште.Целта на повикот е да се стави во функција секоја педа земја, која може да овозможи земјоделско производство. Со воведување на оваа олеснителна процедура, им овозможуваме на сите заинтересирани со нивен пројавен интерес да добијат државно земјоделско земјиште и  на тој начин директно да се зголемат површините со обработливо земјоделско земјиште, а со тоа и производството на земјоделски производи“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопамнство, Љупчо Николовски.

Земјиштето за кое ќе биде склучен договор ќе треба да се искористи за  подигање на долгогодишни насади, оранжерии, долгогодишни насади со лешник, маслинарници, други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за брзо растечки дрвја, за рибници и за спортско-рекреативни активности и рурален туризам.

Инаку овој процес се одвива паралелно со континуирани јавни огласи за издавање на државно земјоделско земјиште и претставува една силна заложба на Владата и на МЗШВ,  максимално да се зголеми обработената земјоделска површина во државата. Паралалено со јавниот повик тече и огласот за давање под закуп на државно земјоделско земјиште над 3 хектари, кој што меѓудругото е наменет за инвестиции во преработувачки капацитети.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close