fbpx
ВестиВино

Тиквешките лозари се запознаени со современата опрема за кроење

trifun

Пред тиквешките лозари вчера беа презентирани современи алатки за кроење лозје со кои се олеснува работата на земјоделците.

Презентацијата беше во организација на Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството.

– Оваа современа опрема земјоделците можат да ја набават преку националните и програмите за рурален развој, како и преку ИПАРД програмата, која е многу значајна за придвижување на македонското земјоделско стопанство кон европското. Добро знаеме дека во претходниот период не беа доволно искористени средствата од ИПАРД програмата, но Агенцијата ќе има нов пристап на работа со земјоделците и ќе можат поедноставно да ги користат средствата од таа програма, изјави директорот на Агенцијата, Андреа Соколовски.

Пред лозарите беа презентирани ножици на батерии кои служат за кроење на лозје и машинка за врзување на искроени прачки. Цената на ножиците е 1.630 евра, а на машинка 800 евра.

Настанот беше во рамки на манифестацијата посветена на денешниот празник „Свети Трифун”, кој се смета за заштитник на лозарите.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close