Вести
„Тинекс” донираше 1.150 прехранбени пакети во Пустец
За да им ги разубави новогодишните и божикните празници на социјално ранливите групи во општина Пустец, Албанија, „Тинекс“ реализираше донација од 1.150 хуманитарни пакети со основни прехранбени продукти- брашно, масло, шеќер, грав, ориз и кондиторски производи.
„Вкупната вредност на оваа донација е 616.000 денари. Донацијата е доделена со цел да се подобрат животните услови на социјално ранливото население на општина Пустец, каде што претежно живее македонско население. Покрај пакетите со прехранбени продукти, на најмалите деца Тинекс“ им додели 70 новогодишни пакетчиња“, се вели во соопштението од „Тинекс“, во кое се додава дека донацијата ја прими градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко.