Без категорија
Тони Ангелески од ИО го предаде тутунот за просек од 144 денари по килограм
Ако сакате да „помините“ како мене со откупот треба да сте член на Иницијативниот одбор, вели Ангелески
Тони Ангелески, тутунар од Прилеп и член на Иницијативниот одбор вели дека предал 380 килограми тутун и добил просечна цена од 144 денари по килограм и е далеку од просечната цена што упорно ја објавува министерот Хоџа од 167 денари по килограм.
-Од 380 кг тутун најголем дел ми се ценети на 3 и 4 класа, колку за утеха добив и 2 пакети 1 класа и 7 втора. Што да кажам освен дека не само јас туку и многу други тутунари се далеку од просекот на министерот Хоџа од 167 денари просек за килограм. Ние од Иницијативниот одбор си ја „завршивме“ работа, па кој сака исто вака да помине со тутунот треба да е член на Иницијативниот одбор, вели тутунарот Ангелески во иронија.