fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Тони Петковски-Паша сточар од Велушина се жали на скратени субвенции за кравите за разлика од лани

Краварите бараат итна средна со министерот Цветан Трипуновски

Краварите се жалат дека им се скратени субвенциите за 2025 година.

Тони Петковски – Паша, сточар од Велушина се жали дека субвенциите на одгледувачите на говеда се скратени со програмата за 2025 година. Тој во изјава за Зелена берза вели дека наместо 12.000 илјади  по женско грло кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 18 месеци, сега субвенцијата е 8.000 денари, што значи една третина помалку пари по грло добиток. 

За млечните крави во 2021 година, субвенции беа 3.500 по грло, после нашите реакции се донесе одлука на Влада за 2024 година да добиеме по 12.000 денари по грло. Досега добивме само по 4.000 денари од грло за 2024, а дали ќе ни се доплатат не знаеме. Во таа програма ни ги отфралаат телињата што се  помали од 12 месеци за приплод, значи кога треба повеќе хранење и гледање на стоката за да бида добри јуници, не ни ги субвенционираат,  иако во ЕУ и за нив им плаќаат на сточарите.

Сега како што ја гледаме програмата за 2025 година ни ги крати парите, ние наместо да одиме напред се враќаме назад. На сите берзи сточната харана се поскапува, а ние сме принудени да ги храните говедата со загуба“, вели Тони Петковски – Паша сточар од Велушина, кој одгледува 15 молзни крави и 3 јуници. 

Сточарите бараат итна средба со министерот за земејодели за да му ги пренесат забелешките од новата програма и револтот од ситуацијата.

Според објавата во Агротим –

Подмерка 2.1 -Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат говеда, ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда и истите ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2025 година и сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко како корисници на подмерката 2.3. од оваа уредба или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло како корисници на подмерката 2.4. од оваа уредба;

-Корисници на оваа подмерка се и земјоделските стопанства кои одгледуваат говеда, ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда и истите ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2025 година и се евидентирани или регистрирани од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како примарни производители на производи од животинско потекло за млеко и производи од млеко и месо и производи од месо согласно прописите од областа на безбедноста на храната или се одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како оператори со храна;

-Бројот на обележани грла се пресметува скалесто и тоа: од 1 грло до 100 грла 100%, од 101 грла до 150 грла 70%, од 151 грла до 300 грла 40% и над 301 грла 20% и

-Висината на директните плаќања изнесува 8.000 ден по женско грло кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 18 месеци

Подмерка 2.2 – Директни плаќања за обележани женски грла постари од 18 месеци во 2025 година

Висина на субвенции за обележани женски грла говеда на возраст од 6 до 18 месеци во 2025 година Подмерка 2.2-Корисници на овааподмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат говеда, кои ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда и

-Висината на директните плаќања изнесува 3.000 денари и се исплаќа за женско грло говедо кое на денот на поднесување на барањето е на возраст од 6 до 18 месеци и истото ќе го чува најмалку до 30 ноември 2025 година.

Крајниот рок за поднесување на барање за 2.1. – Директни плаќања за обележани женски грла говеда постари од 18 месеци е до 31 мај 2025 година.

Подмерка 2.4 – Директни плаќања за одгледани и продадени или заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет во 2025 година

– Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледале и продале или заклале говеда во регистриран кланичен капацитет запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло, за период од мај 2024 година до април 2025 година и истите да се чувани најмалку три месеци во одгледувалиштето пред денот на предавањето во кланичен капацитети;

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледале и продале или заклале говеда во преработувачки капацитети запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло, грлата говеда да не се помлади од осум месеци и да не се постари од 24 месеци, да имаат минимална тежина од 450 килограми на денот на колење и да се од следните раси: сименталско, оберинталско, монтафонско, херефорд, шароле, абердин ангус, белгиско плаво, лимузин, а за сите останати раси или мешавини од различни раси да имаат минимална тежина од 250 килограми и истите да се чувани најмалку три месеци во одгледувалиштето до денот пред да се предадат во кланичен капацитет и

-Висината на директните плаќања изнесува 6.000 денари по продадено или заклано грло говедо за следните раси: сименталско, оберинталско, монтафонско, херефорд, шароле, абердин ангус, белгиско плаво и лимузин, а 4.500 денари за сите остананати раси или мешавини од различни раси. Крајниот рок за поднесување на барање за 2.4 – Директни плаќања за одгледани и продадени или заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет до 31 мај 2025 година.

Подмерка 2.5 – Директни плаќања за добиено теле по пат на В/О во 2025 година

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат говеда, кои ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда и

-Висината на директните плаќања изнесува 3.000 денари и се исплаќа за женско грло говедо кое на денот на поднесување на барањето е на возраст од 6 до 18 месеци и истото ќе го чува најмалку до 30 ноември 2025 година. Крајниот рок за поднесување на барање за 2.5- Директни плаќања за добиено теле по пат на В/О е до 31 мај 2025 година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close