fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Топ 10 компании од Штип со плата од 500 евра

Предводник на листата со просечна плата од 54.700 денари е компанијата за трговија и продажба на телекомуникациска опрема, пред се производи на Apple, Ај Стаил

Долгогодишниот сон за зголемување на просечната плата се чини дека се исполнува во Штип. Во овој град, кој е симбол на текстилната индустрија и каде со години назад работниците ги бранеле своите права преку најразлични штрајкови и синдикални организирања, сепак една група од 10 компании успеале да се издиференцираат и да обезбедат пристојни примања за своите вработени. Сите тие компании сфатиле дека не може да функционира моделот од Југославија и дека неопходно е адекватно реструктуирање на сите потенцијални ресурси и капацитети во насока на понуда на конкурентни производи на светско ниво.

Пред да стигнеме до анализата на платите, ќе дадеме осврт на финансиските остварувања на овие компании, со помош на податоците од Бизнисмрежа.мк.

Ако во анализите за предходните градови сликата беше дека поголемиот дел од компаниите имаат проблеми со пласман, тука ситуацијата е поразлична. Имено, само 3 компании оствариле полош резултат во однос на 2019 година и тоа сите тие се со приходи под 1 милион ЕУР, така што не ја пореметуваат сликата за топ 10 сегментот.

Лидер во ова успешно друштво е Квенбергер Логистик, која е подружница на австриската холдинг групација AUGUSTIN QUEHENBERGER GROUP, која е специјализирана за управување со логистички компании. Оваа компанија остварила пораст на вкупни приходи од 6.59%, при што 2020 година ја затворила со салдо од над 11 милиони ЕУР. Во ранг листата следува една одлична тројка на компании: Ај Стаил, Лаура ГМБХ и Карма Бела. Сите овие компании и во услови на пандемија успеале да остварат пораст на своите приходи, а како апсолутна бројка сите се движат околу 5 милиони ЕУР. Најпозитивен пример во топ 10 сегментот е компанијата Бони Интерградба чии приходи порастиле за скоро 50%.

Какви и да се финансиските резултати на овие компании сепак се погрижиле и за време на најразлини ограничувања за нормално извршување на работата и процесите да продуцираат солиден надомест за своите вработени. Меѓутоа за да добиеме реална слика за какви компании станува збор мора да образложиме дека овие компании не се масовни работодавци, туку нивната специјализација ја сконцентрирале во околу 30-тина професионалци, со исклучок на Квенбергер Логистик. Така што колку и да изгледа розева ситуацијата сепак мора да истакнеме дека вкупниот број на вработени во сите 10 компании изнесува 341.

 

НАЗИВ ПРОСЕЧНА ПЛАТА ПО ВРАБОТЕН 2020 ВРАБОТЕНИ 2020 ВРАБОТЕНИ 2019 РАСТ %
АЈ СТАИЛ 54.700 мкд 12 16 -25,00%
БОНИ ИНТЕРГРАДБА 37.102 мкд 28 28 0,00%
ЛАУРА ГМБХ 36.246 мкд 11 11 0,00%
КАРМА БЕЛА 34.470 мкд 30 22 36,36%
ЛУНА КОМЕРЦ 32.259 мкд 11 11 0,00%
ПАЗЛ БРЕИНС 31.829 мкд 57 74 -22,97%
КВЕНБЕРГЕР ЛОГИСТИК 31.021 мкд 119 92 29,35%
ТМ 30.680 мкд 40 41 -2,44%
ФРОЛИНГ 30.289 мкд 18 19 -5,26%
ЈОФАТЕКС 30.261 мкд 15 13 15,38%

Предводник на листата со просечна плата од 54.700 денари е компанијата за трговија и продажба на телекомуникациска опрема, пред се производи на Apple, Ај Стаил, иако оваа компанија го намлила бројот на вработени за 25%. Во оваа листа за истакнување е логистичкиот центар на Квенбергер Логистик кој е најголем работодавец со вкупно 119 вработени. Позитивен елемент е што вкупниот број на вработени во топ 10 компании е во нагорен тренд, односно во 2020 година продуцирани се дополнителни 14 вработувања. https://pari.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close