Топлификацијата на Битола е значаен проект за развојот на земјоделството

(Oвој напис е објавен на: February 9, 2017)

Сојузот на земјоделците на Македонија ја поздрави одлуката на Собранието на Република Македонија и поддршката за реализација на проектот Топлификација во Пелагонија.

toplifikacijata na bitola e znachaen proekt za razvojot na zemjodelstvoto

 

Според првиот човек на македонските земјоделци Вељо Тантаров, проектот Топлификација е особено значаен за развој на нови земјоделски содржини и култури.

– За овој проект сонувавме долго време, односно од денот кога се ставија темелите на РЕК Битола. Освен топлинската енергија што ќе дојде до сите домаќинства и ќе се реши проблемот со загадувањето на воздухот во овие села и сите општини, со овој проект ќе има посебен бенефит и за земјоделството. Ние долго време бараме од Владата за Пелагонија да се подготви соодветна Стратегија за развој на земјоделството бидејќи ние не можеме да егзистираме само од производство на пченица, сончоглед и некои други земјоделски култури. Ова е шанса со проектот Топлификација да се обезбедат нови површини за земјоделско производство, посочи Тантаров.

pelagonija-3-

Новиот енергетски ефикасен систем за греење ќе биде во функција на жителите и стопанството во Пелагонија, најави градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

– Проектната документација е изработена и усвоена и може да се распише тендер, а потоа ќе продолжиме со другите активности за извршување на монтирање на вреловодните станици и мрежата за топлификација на општините Битола, Новаци и Могила. РЕК Битола е подготвен, направени се две одземања на пареа која од блоковите 1 и 2 ќе доаѓа до општините и таа испорака на пареа ќе се врши нон-стоп во период од 12 месеци, потврди генералниот директор на РЕК Битола, Јовко Крстевски.