Топло чоколадо со црвено вино е ултимативен зимски пијалок
Веќе е доволно студено и депресивно за вакви пијалоци, кои истовремено ќе ве стоплат и развеселат.
Станува збор за рецепт на американската блогерка immaEATthat, со вистинско име Кајли Мичел, која спои две работи кои ги обожуваме – чоколадото и виното, во вкусен топол напиток на кој ќе му се радуваме оваа зима.
За рецептот се потребни само 3 состојки:
Темно чоколадо
Млеко
Црвено вино (таа препорачува Cabernet Sauvignon)
Таа предлага да растопите 60 грама темно чоколадо во 350 ml млеко, за создавање на основата на топлото чоколадо. Добро измешајте ја смесата, а потоа во неа додајте 250 ml црвено вино и продолжете со мешање, додека сите состојки не се поврзат убаво.
Интернетот полуде за овој рецепт, а многу блогери секојдневно објавуваат фотографии од своите вински топли чоколада, во кои ги додаваат и популарните маршмалоу и стапчиња од цимет.
Уживајте, заслуживте.