fbpx
ВестиВино

Награда за „Александрија розе“ на Тиквеш во Франција

vino

Виното „Александрија розе“ на Тиквеш од бербата 2016 година освои сребрен медал на натпреварот Ле Мондиал ду Росé“, што се одржува во Кан, Франција.

Од Винарската визба „Тиквеш“ наведуваат дека значењето на овој медал е дотолку поголемо со оглед на фактот што е освоен во исклучително голема и остра конкуренција што ја сочинуваа над 1300 розе вина од целиот свет, при што најголемиот број наградени вина се од најпознатите светски вински региони во Франција, Шпанија и Италија. „Александрија розе“ на „Тиквеш“ е единственото наградено вино од земјите од овој регион.

Вино „Александрија розе“, минататата година освои златен медал на натпревар во Бордо Франција и сребрен во Белгија.


 

сител.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close