Топлотниот бран го намалил земјоделскиот род, најпогодени житните култури
Сушата го намали овогодинешниот род на земјоделските култури. Земјоделците велат дека состојбата на терен е катастрофална и дека досега не паметат ваков топлотен бран и последици. Најпогодени се житните култури, градинарските на отворено како и фуражните. Жетвата е завршена а родот на незадоволително ниво. Горештините и недостатокот на врнежи во изминатиуот период ги испразнија акумулациите што доведе до водни рестрикции токму кога водата е најпотребна вели Ефтим Шаклев од Асоцијацијата на змејоделци.
Според експертите од земјоделскиот факултет досегашната примена на агротехнички мерки може да ги ублажи негативните ефекти од горештините. Велат дека е неопходно хидро системите да се рехабилитираат за да се намали губитокот на вода. Тие препорачуваат наводнувањето на површините да се врши наутро. Земјоделците пак велат дека државата треба да им помогне да инвестираат во системите за наводнување.
Дали сушата ќе донесе ново поскапување на храната останува неизвесно. Изминатиов период поради намалените приноси на лебното зрно единствено беше најавено можно поскапување на лебот и другите пекарски производи.