fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Топлотниот бран ќе ја ожнее пченицата во струмичко пред време

Топлотниот бран со температури близу до 40 степени Целзиусови им задава главоболки на земјоделците во струмичко.

На удар најмногу се културите засеани на отворено, а според експертите најголеми штети се очекува да има кај пченицата, која е во фаза на зрење и пред собирање.

– Житните култури претрпеа топлотен удар и прашање е колкав ќе биде приносот. Покрај нив, големи штети има и кај овошните насади, бидејќи оваа година, ако се следи во континуитет, е една од најнеповолните. Кајсијата, праската, црешата, вишната, крушата и јаболката најпрвин претрпеа оштетувања од пролетните мразеви, а сега одиме во друга крајност, во која летото почна со необично високи температури. Пред некој ден неколку земјоделци од Валандовско се пожалија дека им испукале термометрите во пластениците, каде температурата е повисока и за 20 степени повеќе од таа надвор, вели д-р Ристо Вучков, експерт за заштита на растенијата.

Градинарите информираат дека веќе бележат штети кај доматите засеани под пластеници, каде заради топлото време се случува цветот да се исфрли, а кај плодовите кои се во фаза на зреење доаѓа до згрчување.

– Најважно е навреме да се преземат мерки за заштита, односно да се врши засенчување и наводнувањето исклучиво да се врши во вечерните часови, рече Ристо Велков, земјоделец од село Василево.

Градинарот од село Банско, Даме Тренчовски, предупредува дека кај лутите пиперки во пластениците, кои иако се при крај на бербата, се појавува подгорување.

Ескпертите советуваат земјоделците да се придржуваат кон пропишаните мерки за заштита, бидејќи топлото време е идеално за развој на болеста пепелница, посебно кај лозјата.

Во саботата, во три села од атарот на општина Босилово, градот уништи посеви со житни култури, бостан, овошни насади, пиперки и домати.

На 21 овој месец невремето со силен ветар и дожд, кое го зафати струмичкиот регион, предизвика штети на посевите во пластеници во селата Куклиш, Еднокуќево, Банско, Свидовица и Муртино.https://kanal5.com.mk/toplotniot-bran-kje-ja-ozhnee-pchenicata-vo-strumichko-pred-vreme/a481527

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close