fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Трајан Димковски вели и догодина над 100 милиони буџетски субвенции во аграрот

Димковски смета дека обвинувањата од ВМРО – ДПМНЕ прават штета

За 2022 година се планирани 6,100 000 000 денари за субвенционирање на земјоделците, но многу е поважно какви се програмите кои ги носи Министерството за земјоделство.

-Буџетот е многу поголем од тоа што сега го најавуваме. Очекуваме да се дополнат средствата, и дел од субвенциите ќе одат преку ковид програмата, вели заменикот министер за земјоделство Трајан Димковски за Утрински брифинг. Тој вели дека секоја година имаме зголемување на извозот, но истовремено расте и увозот, а балансот е некаде околу 150 до 200 милиони евра.

-Ние како држава која има ограничени ресурси во одредени сектори, се покажува дека преку инвестиции може да го намалиме овој дефицит, вели Димковски. Министерството редовно ги следи трендовите дали имаме развој или стагнација. -Анализите покажаа дека последните десет години кога јаболкот беше субвенционирано по килограм бројката се движеше по 12, 13, 14 милиони килограми откупено јаболко. Ние субвенционираме за одржување на јаболкото на нашите насади, но и за извоз на јаболкото, вели Димковски.

Димковски додава дека имаме 20 илјади тутунари кои ги добиваат парите преку комбинатите кои откупуваат и дека има тренд на опаѓање, но тоа е карактеристично за површините кои даваат помал род.

Тој смета дека обвинувањата од ВМРО – ДПМНЕ прават штета.https://www.slobodenpecat.mk/video-dimkovski-i-dogodina-nad-100-milioni-budzhetski-subvencii-vo-agrarot/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close