fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Пет причини зошто треба да јадеме кисела зелка

Процесот на ферментација резултира со раст на корисни пробиотски бактерии, што го прави исклучително здрава храна.

Киселата зелка има многу придобивки кога станува збор за здравјето…

Процесот на ферментација резултира со раст на корисни пробиотски бактерии, што го прави исклучително здрава храна.

Обидете се да набавите домашен производ, но доколку не сте во можност, при купување изберете зелка која не е пастеризирана, за да не се уништат споменатите корисни бактерии.

Киселата зелка е незаменлива зимска храна за многумина благодарение на нејзините здравствени придобивки.

1. Извор е на корисни хранливи материи
Киселата зелка е добар извор на влакна, витамини и минерали. Ферментираните производи полесно се варат: ензимите од кисела зелка му помагаат на телото да ја разгради храната на помали, полесно сварливи молекули. На овој начин ќе се апсорбираат повеќе хранливи материи, што позитивно ќе влијае на енергијата и виталноста, пренесува BBC Good Food.

2. Може да го зајакне имунитетот
Повеќето од имунолошките клетки на телото се наоѓаат во цревата, поради што се сметаат за центар на имунолошкиот систем. Супстанциите во кисела зелка можат да помогнат во одржувањето на здрав дигестивен тракт, како и да ги стимулираат постоечките антитела за борба против штетните материи. На овој начин се намалува ризикот од инфекција. Покрај тоа што содржи корисни бактерии и служи како природен пробиотик, киселата зелка е добар извор на витамин Ц и железо, хранливи материи познати по нивните позитивни ефекти врз имунитетот и здравјето.

3. Може да влијае на здравјето на срцето
Киселата зелка може да биде корисна за балансирање на нивото на холестерол благодарение на високата содржина на влакна и пробиотски бактерии. Исто така е добар извор на калиум, кој може да помогне во намалување на крвниот притисок. Витаминот К2, кој се наоѓа во оваа храна, може да го спречи таложењето на калциум во артериите и на тој начин да делува превентивно при артериосклероза и проблеми со срцето.

4. Може да го подобри расположението
Ферментираната храна, повторно преку цревата, може позитивно да влијае на расположението. Одредени видови на пробиотски бактерии (вклучувајќи Lactobacillis helveticus и Bifidobacteria longum) кои се наоѓаат во кисела зелка можат да ја ублажат нервозата. Во цревата се создава поздрава рамнотежа, а одредени масни киселини поволно делуваат на воспалителните процеси во организмот. Оваа храна содржи и магнезиум и цинк, микронутриенти кои ја балансираат состојбата на цревата и со тоа позитивно влијаат на расположението.

5. Помага при вишок килограми
Како и повеќето салати, киселата зелка нема многу калории и е идеална ако сакате нешто да грицкате дури и кога сте на диета. Во 100 грама од оваа моќна храна има само околу 20 калории, кои можете многу брзо да ги искористите. Исто така, киселоста може да помогне во разградувањето на маснотиите по обилен оброк и затоа не случајно на празничната трпеза често се служи кисела зелка со специјалитети од месо.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close