fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Трајко Славески е новиот гувернер на Народната банка

За неговиот избор гласаа 68 пратеници, додека 16 беа против.

Неколку минути пред полноќ, во Собраниeто на РСМ, Трајко Славески е именуван за гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. За неговиот избор гласаа 68 пратеници, додека 16 беа против. Дебатата во Собранието ги подели мнозинството и опозицијата. Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ја нагласија стручноста на Славески и неговиот придонес во економските реформи, додека од СДСМ и други опозициски партии беа упатени критики за неговата политичка поврзаност и ставовите што, според нив, може да ја загрозат независноста на централната банка.

Славески е универзитетски професор по економија и поранешен министер за финансии во владата на пребеганиот Никола Груевски. Во последниот состав на Советот на Град Скопје ја извршуваше функцијата претседател при што беше познат по расправиите со градоначалничката Данела Арсовска, чија кандидатура беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close