fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Тони Петковски од Велушина-субвенции нема па ги огласив кравите за продавање на Реклама 5

Сточарите си ги бараат субвенциите велат се задолжиле до гуша, најавуваат блокади на патиштата

Сточарот Тони Петковски од селото Велушина – Битолско, 25 месеци не зел субвенции за стоката и предаденото млеко. Вели дека сточарите се принудени да протестираат зашто секој сточар е до гуша во долгови, а тој веќе ги огласил и кравите за продавање.

-Сите правила и прописи за исплата на нашите субвенции поминаа. Беше кажан крајниот рок 30 јуни, субвенции нема. Нека каже Владата, министрите, Платежната агенција, до кога ние ќе чекаме? И 25 месеци ако не ги платиме нашите сметки и побарувања, што ќе правиме понатаму? Стоката не бара денес дали е празник, или утре дали е жешко. Си го бара своето. Принудени сме до петок, ако не добиеме некакви гаранции дека ќе добиеме субвенции,  да излезиме да штрајкуваме по региони, да ги блокираме главните влезови во Битола, Прилеп, во сите градови. Сточарството е моментално на нула. Не знам дали во други држави се случува ова што се случува кај нас. Ние произведуваме квалитетно млеко, не чинело, чинело од Србија да дојде 500 тони млеко  во прав, обична „цвика“. Принуден сум да ги продадам кравите, ги огласив на Реклама 5. Не можам да издржам повеќе  кога со 42 тона предадено млеко за 2020 година не можам од месец до месец  да излезам на крај, ова е катастрофа голема.

Најавија дека со ребалансот ќе биде исплатено, а господинот Бачовски најави за вгуст. Ние издржавме со крајниот рок иако цело време баравме на рати, а тие не платија. Сега ако можат за десет дена плата, да им е алал, ама од тоа не веруваме ништо. За да издржиме не можеме, оти сега сме во борч и само благодарение на земјоделските аптеки и сточарските центри, даваат на одложено плаќање, ако не се тие, не можеме да излеземе накрај, рече Тони Петковски, потпретседател на Здружение на сточари „Пелагониско поле“ за Зелена берза.

А. Блажевска

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close