fbpx
ВестиМеханизацијаТоп вести

Трактор John Deere –  сон на секој земјоделец

Сон на секој земјоделец е да има трактор од марката John Deere, Владе Крстевски од с. Горно Агларци не го крие своето задоволство дека сонот му се оствари. Трактор John Deere  5045 2WD  со кабина е веќе негов и ќе може слободно да го користи во наредната сезона.

„Многу сум задоволен и среќен сум што конечно имам John Deere, вели за Зелена берза Владе Крстевски. Имам уште два други трактори, ама ова е нешто друго, посебно е“, додава тој.

Ккако советник, агроном и комерцијалист во Синпекс Битола, секојдневно е во комуникација со земјоделски производители, трговци… Познавајќи ги добро состојбите во земјоделието и сам е регистриран во Министерството за земјоделство за дополнителна дејност. Покрај обврските во Синпекс обработува 15 ха земјоделска површина. Сее пченица, нешто јачмен и пченка. Потребната обработка на земјата  и останатите активности ги извршувал со трактор Фергусон 539, но отсекогаш посакувал да има трактор John Deere . Желбата била уште поголема кога пред четири години го имал земено на тест период  еден месец на користење, уверувајќи се сам во перформансите што овој трактор ги нуди.

„Знаев за каков трактор станува збор и се обидов на два пати да аплицирам на огласи за да можам да го купам. И двата обиди пропаднаа, бев одбиен дека не исполнувам услови. Обидите пропаднаа, но желбата остана. Ја искористив акцијата во Синпекс, кој е овластен дистрибутер за John Deere и сега сонот ми е остварен. Имав нешто готовина и зедов кредит , и еве го резултатот, вели Крстевски. Работата ќе ми биде многу полесна. Со овој трактор можам да изорам 3-4 ха земја за еден ден. Тракторот има многу предности, како хидрауличен волан, нема празен од, така што кога ораш или сееш можеш лесно да се префрлиш на следниот ред. Работата не само што ќе ми се олесни туку и ќе си ги намалам трошоците. Знам дека има и појаки трактори, но одбрав John Deere  5045 2WD   бидејќи економски  ми е оправдан и е доволен за моите потреби. Ќе можам ,освен за орање, да извршувам и други операции, бидејќи има можност за приклучување на останата опрема како: сеалка, ѓубре растурач, тањирач,  кримлер и друга приклучна механизација,“ објаснува Крстевки.

Од годинешната реколта е задоволен и од приносите и од цената. Успеал да произведе 36 тони пченица. Вели дека употребил квалитетен семенски материјал како и сите потребни земјоделски практики за да добие квалитетен производ.  Во иднина ќе може да користи и зелена нафта и ќе  продолжи да ја обработува истата површина со житни култури.

Секој трактор е добар ама John Deere  си е John Deere , завршува Крстевски.

Павлина Јовановска

Слични написи

Back to top button
Close