fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Тренчевска: Заедно ќе работиме на решение за прашањето за родителско отсуство и боледување на земјоделките и земјоделците

Формирањето на оваа работна група има за цел изнаоѓање на правен механизам за остварување на платено родителско отсуство и боледување на регистрираните земјоделки и земјоделци, на иницијатива на Националната федерација на фармери.

Во Министерството за труд и социјална политика денеска се одржа состанок со  работната група во чиј состав се претставници на граѓански организации, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за здравство, УЈП, ПИОМ, Агенција за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој и Националната федерација на фармери, поддржана од  Шведската организација за развој Wе Effect. Формирањето на оваа работна група има за цел изнаоѓање на правен механизам за остварување на платено родителско отсуство и боледување на регистрираните земјоделки и земјоделци, на иницијатива на Националната федерација на фармери.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска го поздрави формирањето на работната група која ќе работи на изнаоѓање на најсоодветно решение за ова важно прашање , кое ќе се заснова на принципите на владеење на правото, недискриминација и остварување на концептот на социјална држава.

„Верувам дека ќе пронајдеме соодветен  правен механизам за остварување на правото за користење на платено родителско отсуство и боледување за регистрираните земјоделки и земјоделци, како и заштита од негова злоупотреба, а во насока на поголема мотивираност на руралните жени да ја регистрираат својата дејност,“ рече министерката Тренчевска.

Таа ја истакна својата поддршка на работната група и изрази уверување за успешно решавање на ова прашање, со што ќе бидат потврдени заедничките заложби за унапредување на положбата на руралната жена во општеството.

Министерството за труд и социјална политика со прифаќање на амандман оваа иницијатива ја инкорпорира во стратешките цели на Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 која е во собраниска процедура и истата ќе биде дел од Акцискиот план за родова еднаквост 2022-2024.https://24info.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close