Тревога во Грција заради нелегален увоз на јагнешко месо од Балканот
Поради совпаѓање на католичкиот и православниот Велигден во Грција има недостиг на јагнешко месо. Грчкиот пазар годинава почна да се дополнува од балканските држави кои располагаат со богат избор на многу и евтини јагниња.
Пред неколку дена грчките власт започнаа засилени проверки.
Илјадници јагниња од Бугарија, Романија, Албанија и (ПЈР)Македонија веќе ја минаа границата и се на локалниот пазар. Животните се увезуваат по многу ниски цени, всушност под две евра за килограм, но додека стигнат до кланиците, тие се веќе со сменето потекло.
Со наближувањето на Велигденските празници, конкуренцијата од неконтролираниот увоз станува уште позадушлива за грчките сточари.
Производителите од регионот Тесалија се жалат дека цели стада чекаат на границата меѓу Романија и Бугарија за да тргнат кон Грција.
Годинава се очекува пазарот да биде дефицитен во однос на јагниња и јариња. Велигден се совпаѓа и за католиците и за православните верници и заради тоа голем дел од грчките јагниња беа ориентирани кон надворешни пазари, а пазарот во Грција започна да се пополнува со јагниња од балканските земји.
-Заради извозот за Италија, но исто и кон Шпанија и Германија, но и заради големите загуби на млади животни кои ги претрпеа грчките производители преку зимата заради студот, се забележува недостиг на грчки јагниња на пазарот, рече претседателот на грчкиот сојуз на сточари Димитрис Камбурис.
Намалувањето на стадата заради лошото време се проценува на околу 15-20 проценти. И како што може да се очекува, производната цена заради ограничената понуда е висока.
– Но исто како и во претходните години, така и годинава на тезгите ќе видиме многу месо донесено од надвор по ниски цени, кои ќе се нудат како грчки. Има толку многу фалсификати и далавери што заради нив губат не само производителите, туку и потрошувачите, затоа што и самите не знаат што јадат, дополнува Камбурис.
Најевтиното јарешко месо се увезува најмногу од (БЈР)Македонија, затоа што цената на жива мера на големи количини во некои години стигнала и до две евра за килограм. Јагнињата кои доаѓаат од Романија или Бугарија исто се евтини, иако нивните цени понекогаш можат да се доближат и до оние на грчкото месо. Во секој случај, каналите за увезеното месо откако ќе ја минат границата често се губат додека тоа да стигне до кланиците или до продавниците.
Грчките сточари бараат од компетентните власти да го насочат вниманието кон кланиците, кои во минатото остануваа надвор од ударите на законот, и да откријат дека и тие играат суштинска улога така што увезените јагниња ќе бидат преименувани во грчки.
Истите стравови ги искажуваат и сточарите од регионот Тесалија. Тие велат дека цели стада сега чекаат на романско-бугарската граница за да стигнат до Грција, и бараат властите да ги засилат проверките за да биде сопрен тој процес на нивно прекрстување во грчки.
Сепак, од Дирекцијата за ветеринарна контрола уверуваат дека од минатата седмица започнале проверки заради Велигденските празници.
Но заедно со тоа грчките производители се подложени на притисок од страна на трговците и заради недостигот на месо. Минатата седмица, купопродажбата на килограм месо не надминуваше четири евра за килограм.
Во некои региони цената дури беше и пониска и стигна до 3,5 евра за килограм. По егејските острови, јагнешкото месо се продаваше и за две евра за килограм. Малку повисоки цени над четири евра за килограм беа регистрирани досега само на полуостровот Пелопонез.
– Цените се демотивирачки и не одговараат на производните расходи, се жалат сточарите, и продолжуваат да се борат за можно најдобри производни цени, барем 5,5-6 евра за килограм.