ВестиМакедонија
Трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во раст во изминатиот месец
Во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун, во март годинава во споредба со март во лани, е забележан раст на промет номинално за 3.5, а реално за 1.8 отсто, соопшти Државниот заво за статистика.
Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 12.7 %, а реално за 13.1 %), во Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 4.6 %, а реално за 5.6 %) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 28.3 %, а реално за 23.6 %).