вестиМакедонијаТоп вести

Продлабочување на економската соработка меѓу Македонија и Русија

Како што објавуваат од  министерството на средбата се разговарало за продлабочување на трговската размена меѓу двете држави, особено во делот на извоз и увоз на земјоделски производи.

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа денеска имаше средба со рускиот амбасадор, Неговата Екселенција Сергеј Баздникин.

Како што објавуваат од  министерството на средбата се разговарало за продлабочување на трговската размена меѓу двете држави, особено во делот на извоз и увоз на земјоделски производи.

Зголемувањето на трговската размена во земјоделството е од исклучително значење особено затоашто македонскиот извоз во Русија е доминатен во однос на другите Европски пазари. Дури 60 отсто од вкупниот извоз од Република Северна Македонија во Руската Федерација отпаѓа на земјоделско-прехранбените производи. Вкупната трговска размена со Русија на годишно ниво изнесува околу 100 милиони долари и бележи тренд на постојан пораст. Во вкупната трговска размена, Русија е 22-ри партнер на земјава.

Блиската соработка со Руската Федерација ќе продолжи и понатаму.

Трговската размена на земјоделски производи ќе биде во фокусот на нашите планови за заеднички развој на економијата и во интерес на продлабочување на односите помеѓу нашите земји.

Слични написи

Back to top button
Close