fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Три илјади евра казна за пожарот во депонијата во Росоман

Инспектор изврши надзор над депонијата во Росоман, која често се опожарува во летниот периот и од која се ослободуваат штетни емисии во воздухот. Во текот на надзорот имаше траги од горење и видлив чад на повеќе места.

Јавното комунално претпријатие и одговорното лице се казнети парично (3.000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице). Исто така, издадена е наредба за гаснење на пожарот и постојано одржување на минимални технички услови согласно Законот за управување со отпад.

Државниот инспекторат за животна средина постојано врши контроли врз примената на минималните технички услови на депониите на кои се отстранува отпадот од страна на општинските јавни комунални претпријатија.https://nezavisen.mk/tri-iljadi-evra-kazna-za-pozharot-vo-deponijata-vo-rosoman/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close