вести

Европски фондови за поддршка

1.5 милиони евра се наменети за зајакнување на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и за подготовка за програмскиот период 2014-2020 година. Ова е дел од „твининг“ проектот на ИПАРД фондовите, кој го промовираше министерот за земјоделство, Михаил Цветков.

„Тој истакна дека овој проект ќе придонесе за зголемување на апсорпциските капацитети и успешно користење на средствата од ИПАРД програмата. Претставникот на Европската Унија, Мартин Клауке, рече дека голем дел од средствата за периодот 2007-2013 година, останале неискористени и толку затоа ЕУ се труди да го реши овој проблем.“, изјави Михаил Цветков, министер за земјоделство.

evropski fondovi za poddrshka

 

„Крајната цел на твининг проектот е да ја подобри ефикасноста на Платежната агенција преку заканување на нејзините административни капацитети за спроведување на националните програми за рурален развој. Целта е да се има институција која ќе одговори на потребите на земјоделците, руралната економија и жителите од неразвиените региони.“, рече Мартин Клауке, делегат на ЕУ.

Холандскиот амбасадор, Валтер Пломп, истакна дека за овој проект ќе треба да се искористи искуството на Холандија.

„Ве уверувам дека Холандија, има долга традиција во програми за земјоделство и рурален развој. Исто така Холандија, има долга традиција во помагање и советување на земјите – кандидатки за членство во ЕУ, како и во користењето на ИПА фондовите и токму за тоа е овој проект.“, изјави Валтер Пломп, амбасадор на Кралството Холандија во Македонија.

Реализирањето на овој проект ќе трае 21 месец, а партнери се Агенцијата за претприемништво на Холандија и земјоделските истражувачки агенции на Естонија и Словенија.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close