Трибина за превенција на болеста чума кај малите преживари
Учесници на трибината ќе бидат членовите на Локалниот центар за контрола на болести, официјални ветеринари и претставници на институции со кои Агенцијата за храна и ветеринарство соработува во услови на криза.
Стручни лица од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и професори од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје денеска во Општина Штип ќе одржат трибина за превенција на болеста чума кај малите преживари.
Учесници на трибината ќе бидат членовите на Локалниот центар за контрола на болести, официјални ветеринари и претставници на институции со кои Агенцијата за храна и ветеринарство соработува во услови на криза.
По Штип, утре трибина ќе се одржи и во Скопје, а в среда идната недела е планирано да се одржи и во Прилеп.
-На трибините ќе биде презентирана моменталната состојба со болеста во земјава, соседството, во Европа и во светски рамки, мерките кои се преземаат за спречување на нејзина појава и ширење кај нас, во Европа и во светот, како и состојбата и капацитетноста на лабораториите за испитување на мостри за детектирање на болеста чума кај малите преживари, соопшти АХВ.
МИА