fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Триесет и две барања доставиле кавадарчани за обесштетување поради штети од поплава кај земјоделски култури

Советниците го усвоија извештајот во врска со штетите од невремето на 17 јуни.

Триесет и две барања доставиле кавадарчани за обесштетување поради штети од поплава кај земјоделски култури, беше соопштено на денешната седница на Советот на општината Кавадарци. Советниците го усвоија извештајот во врска со штетите од невремето на 17 јуни.

– Територијата на општината ја зафати невреме, проследено со интензивни дождови, по кое се настанати поплави на земјоделски култури во месните заедници Дреново и Раец со излевање на Раечка река, пишува во извештајот.

Кавадарчани што претрпеа штети, поднесоа барања за обесштетување до Општината.

Од страна на градоначалникот беше формирана комисија од сектор за комунални работи, урбанизам и заштита на животната средина. Комисијата излезе на местото и направи увид и записник за штетите.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close