fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Трипуновски до одгледувачите на несилки – да се пријават за субвенции

Крајниот рок за поднесување на барања е 5 ноември 2025 година.

Министерот Цветан Трипуновски објави – Ве информираме дека во тек е поднесување на барања за следните директни плаќања:
• 2.11 директни плаќања за одгледани и продадени или заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети – 60 денари по заклан бројлер;
• 2.12 директни плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети – 150 денари по заклана амортизирана несилка;
• 2.13 директни плаќања за произведени и продадени еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди – 10 денари по произведено и продадено еднодневно пиле.
Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата. Испечатеното барање заедно со прилозите се доставува до Агенцијата. Помош при креирање на електронското барање е обезбедена од вработените во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Линкот за пристапување до електронскиот систем е: www.ipardpa.gov.mk – Директни плаќања е-субвенции.
Крајниот рок за поднесување на барања е 5 ноември 2025 година.
Ве охрабруваме да аплицирате за овие мерки за поддршка.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close