вести

Индексот на цените во земјоделството кај инпутот е зголемен за 2.6%, а кај аутпутот се бележи зголемување од 2.4%

zemjodelci

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во ноември 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 2.6%, а кај аутпутот се бележи зголемување од 2.4%.

Во ноември 2017 година, во споредба со ноември 2016 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 102.8, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 98.5.

Во делот аутпут, во ноември 2017 година, во споредба со ноември 2016 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 103.1, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 100.9.


 

бизнисвести.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close