
Агро бизнисВестиТоп вести
Трипуновски – Езерото „Младост“ се чисти за првпат по 6 децении
За реализација на активностите, обезбедена е вкупна финансиска поддршка од 6.000.000 денари од Програмата за водостопанство.
Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски објабви дека денеска извршил увид на активностите за ревитализација на езерото „Младост“, кое се чисти за првпат по 60-тина години.
Согласно планираните активности, во тек е фаза на механичко отстранување на сувите наслаги и трската од крајбрежниот појас на езерото „Младост“, во соработка помеѓу АД „Водостопанство“ и ЈПВ „Лисиче“ – Велес, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
За реализација на активностите, обезбедена е вкупна финансиска поддршка од 6.000.000 денари од Програмата за водостопанство.
Работиме на ревитализација на езерото „Младост“, со цел подобрување на квалитетот на водата и дополнување на акумулацијата со свежа вода.




