fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Трипуновски го предаде во употреба првиот млекомат за свежо манастирско млеко со средства од ЕУ

Во Кичево предаден во употреба првиот млекомат во земјава

Со мала свеченост на која присуствуваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, претставници на канцеларијата на Европската унија и други гости, беше предаден во употреба првиот млекомат во Македонија. На свеченоста министерот Трипуновски истакна дека ова е прв ваков апарат во земјава, кој ќе му служи на локалното население, и во иднина министерството ќе продилжи да подржува вакви иницијативи во соработка со кацеларијата на ЕУ во земјава.

-При денешната посета на млекарата и производствените погони на задругата „Крнино“, сместени при Манастирот Пречиста Богородица во кичевскиот регион, се уверив како паметните инвестиции и посветената работа придонесуваат за развојот на аграрниот сектор.
Досега задругата успешно реализира три проекти за модернизација на линијата за снабдување со свежо кравјо млеко, поддржани од ЕУ – ИПА програмата, Министерството за земјоделство, Македонската асоцијација на земјоделски задруги и Македонската развојна фондација.
Задругата „Крнино“ со првиот Млекомат во државата е пример за модернизацијата што го подигна квалитетот и создава услови за одржливо функционирање, рече министерот Цветан Трипуновски.

 

Млекоматот е обезбеден со средства од Европската Унија преку проектот АгроСмарт, спроведуван од МРФП – Македонската развојна фондација за претпријатија, Хемера и ЦЕП Можности

„Млекото што се нуди преку млекоматот е свежо, со зачувани природни хранливи својства, без додатоци и конзерванси и во контролирани хигиенски и температурни услови, а освен млеко, потрошувачите имаат можност да си купат и сирење“, рече Станоја Станојовски од Манастирот „Света Богородица Пречиста“, која е дел од Земјоделската задруга Крнино.

„Млекоматот е пример како треба да се одвива модернизацијата на македонските фарми и да се осовременува продажбата на локалните земјоделски производи со достапните средства од Европската Унија“, рече Лазар Неданоски од Македонската развојна фондација за претпријатија, која го спроведува проектот АгроСмарт, финансиран од ЕУ.

Дел од промоцијата беше и посета на фармата со крави во близина на манастирот „Света Богородица Пречиста“, каде е инсталирана линија за молзење крави и млекарата за производство на млечни производи.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close