Мушмула

Мушмула е по прв пат опишана од страна на грчкиот ботаничар Теофрастус пред околу 2000 години. Мушмула (науч. Mespilus) е род од два вида скриеносеменици во потфамилијата јаткасто овошје на фамилијата Рози. Од ботаничкиот аспект мушмулата е вид помеѓу глог и круша. Нејзиното потекло е дискутабилно – според еден правец на мислење, таа потекнува од пределите околу Каспиското езеро, додека другите велат дека потекнува од средната Европа. Беше популарна во средниот век, додека во Франција е и ден денес популарна, особено во комбинација со поедини видови на вино.

Во Македонија и на Балканот, можат да се најдат различни сорти на мушмула: домашна, кралска, холандска и бесемена. Домашната мушмула има ситни до средно големи вкусни плодови. Плодовите содржат голем број на семки но малку месо. Оваа сорта е отпорна на мраз и суша. Бесемената мушмула е како што и самото име и зборува, донесува плодови кој што немаат семки. Плодовите се ситни, слични како и на домашната мушмула. Исто така е отпорна на мраз и на суша. Кралската мушмула има средно големи плодови, кој што се сочни и имаат пријатен вкус. Холандската мушмула има големи плодови, кој што се вкусни и сочни. Сортата е отпорна на мраз и на суа, но од друга страна плодовите не се отпорни на пепелница.

Мушмулата може да се одгледува и до 1000 метри надморска височина, но најдобрите резултати дава доколку се одгледува на 700 метри. И погодуваат сончеви и подрачја кој што се добро проветрени. Отпорна е на ниски температури, па без големи оштетувања може да ги поднеси температурите и до -30 степени Целзиусови. Од друга страна континуирано високи температури можат да ја оштетат. Мушмулата во принцип ги поднесува скоро сите видови на почва, освен тешки и почви кој што ја задржуваат влагата. Оптималната pH вредноста на почвата е околу 7, значи неутрални видови на почва.

Идеалното време за садењето на мушмулата е есенскиот период. Садењето се препорачува на 4х4 или на 4х3 метри што бара околу 625 или 834 садници по еден хектар. Донесувањето на плодови почнува од втората година, а приносите изнесуваат од 12-15 тони по еден хектар. Одгледувањето на мушмула е слично како и за јаболка, со тоа што мушмулата е поотпорна и на штетници и на болести. Мушмулата може да биде нападната од страна на гасеници кој што го јадат лисјето или од страна на пепелницата.

Мушмулата се произведува со калемење на вегетативните подлоги на дуња – ( МА, ĆА 7, Провансалска дуња Bа 29). Мушмулите се самоплодни – не им се потребни опрашувачи. Плодовите се берат на крајот на октомври и имаат маса од 10 -70 грама од зависност од сортата. Плодовите содржат фосфор, калиум, калциум, магнезиум и антиоксиданти.

Share Button