Трипуновски: Граѓаните и оваа година ќе имаат недостаток на огревно дрво
Не чека тешка зима
Граѓаните и оваа грејна сезона ќе се соочат со огромен недостаток на огревно дрво, а тоа го потврдуваат и бројките од официјалниот Извештај за работењето на ЈП Македонски шуми.
Не чека тешка зима со СДС и Љупчо Николовски. Извештајот го потврдува недомаќинското и неодговорното работење на менаџментот. Бројките се загрижувачки и фрапантни споредбено со бројките од минатата година која што исто така беше тешка со снабдување на огревно дрво.
Имено, за само 7 месеци годинава значително е намалено производството и снабдувањето на населението со огревно дрво. Односно споредбено со лани сечата на огревно дрво е намалена за 30.765 метри кубни, а намалување има и во продажбата на огревно дрво за 42.528 метри кубни, додека пак планот за сеча на огревно дрво е реализиран, односно е на минимални 57 проценти, а од складиштата на Македонски шуми се продадени само минимални 26.925 метри кубни дрва.
Извештајот покажува дека останатото е купено од приватни препродавачи и фирми кои добиваат тендери за сеча од јавното претпријатие и ги продаваат по двојна цена или ако во Македонски шуми цена за метар кубен на даб и бука е 2500 денари, додека во приватните складишта истата се движи од 5 до 6 илјади денари за метар кубен, односно дупло поскапо.
Неспособноста на власта, министерот за Николовски и Ковачевски на крај ја плаќаат граѓаните на република Македонија. До толку се неспособни што не може да обезбедат да има огревно дрво во сите подружници на Македонски шуми, а не пак да ги снабдат граѓаните кои навистина имаат потреба.
Од ова можеме да заклучиме дека не очекува исклучително тешка зима за оние кои што се греат на дрва, а Николовски е тотално незинтересиран што се случува во Македонски шуми, единствено го интересираат личните интереси, тендерите и бизнисите.
Со власта на СДС и Николовски како министер, граѓаните не можат да бидат сигурни во ништо.
Затоа време е за избори час поскоро, бидејќи и граѓаните и државата со СДС тонат!
Цветан Трипуновски-Комисија за земјоделие на ВМРО ДПМНЕ