fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Трипуновски: Интервентниот фонд со кој се фали власта се предвиде по амандман на ВМРО-ДПМНЕ

Земјоделците и Македонскиот аграр го допреа дното а државата стана увозно зависна од храна, порача Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани елитисти од власта, сите економски показатели ве демантираат во секој поглед. Земјоделците и Македонскиот аграр го допреа дното а државата стана увозно зависна од храна, порача  Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ/

„Уште еднаш во интерес на вистината интервентниот фонд го немавте предложено во предлог буџетот и на предлог на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ  амандмански стана составен дел од буџетот.

Ако навистина сакавте да им помогнете на земјоделците и државата требаше до сега да го распределите слободното државни земјоделско земјиште за да се стигне за пролетната сеидба за да произведеме доволно храна, и под итно да ги исплатите субвенциите во целост за сите земјоделци“, објави на социјалните мрежи Трипуновски како реакција на тврдењата на владејачката СДСМ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close