fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Германците во паника: Полиците ќе останат празни, поради штрајкот на земјоделците!

Вака е кога протестираат земјоделци

Генералниот директор на трговската асоцијација Берлин-Бранденбург изрази загриженост поради можното недоставување на стоки, предупредува „СЕЕ.биз.еу“.

Тој предупреди дека многу продавници во Берлин утре веќе нема да можат да добиваат роба, пишува списанието Феникс. Тој нагласи дека празните полици во супермаркетите би можеле да бидат неизбежни доколку ситуацијата брзо не се промени.

Причината за можниот недостиг на стоки се протестите на фармерите во Гросберен, на околу 20 километри јужно од Берлин. Се известува дека земјоделците ги блокирале пристапните патишта до главниот магацин кој снабдува многу продавници во регионот.

Интересно е што Здружението на фармери од Бранденбург се огради од овој инцидент. Портпаролката на здружението објасни дека се работи за спонтан чин на индивидуален бизнис и дека здружението официјално не го поддржува.

Трговското здружение е многу загрижено поради зголемените некоординирани блокади. Се повикува на доследна акција на здруженијата на земјоделците и полицијата.https://www.slobodenpecat.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close