
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Трипуновски – инвестиции во водостопанството, 17.700 хектари површините под наводнување
Зголемени се површините под наводнување, споредбено ако претходните години АД Водостопанство покривало околу 14.000 хектари, веќе во 2025 година имаме покриеност од 17.700 хектари.
Министерот Цветан Трипуновски објави – Во делот на инвестиции во водостопанството, во 2025 година е доделена финансиска поддршка од 132 милиони денари за инфраструктура.
По цели 60 години е исчистено езерото Младост и се преземени мерки за подобрување на дотокот и квалитетот на водата.
Зголемени се површините под наводнување, споредбено ако претходните години АД Водостопанство покривало околу 14.000 хектари, веќе во 2025 година имаме покриеност од 17.700 хектари.
Согласно овие активности зголемени се и производствените капацитети, односно доволната количина на вода значи зголемено земјоделско производство. Само во делот на лозарството во 2025 година споредбено со 2024 имаме 40% повеќе
принос.




