Агро бизнисВестиТоп вести

Трипуновски – Извозот на јагнешко месо не е доведен во прашање

Извозот на јагнешко месо, производи од јагнешко месо и производи од млеко добиено од овчо млеко кои биле подложни на пастеризација не е доведен во прашање.

Министерот Цветан Трипуновски објави дека оставрил средба со сточари – одгледувачи на овци .
-Заедно со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, остварив средба со одгледувачите на овци поради актуелната епидемиолошка состојба со болеста сипаници кај овците и козите во о. Липково, Кумановско.
Разговаравме дека е потребно придржување кон пропишаните контролни и заштитни мерки за спречување на ширењето на болеста. Сите одгледувачи да ги почитуваат упатствата на надлежните институции и при секоја сомнителна појава веднаш да ги известат ветеринарните друштва и Агенцијата за храна и ветеринарство.
Извозот на јагнешко месо, производи од јагнешко месо и производи од млеко добиено од овчо млеко кои биле подложни на пастеризација не е доведен во прашање.
Ќе продолжиме со редовна комуникација и навремено информирање за сите следни чекори, објави Трипуновски.

МЗШВ дополни дека со цел да се спречат нови жаришта на територијата на државата, неопходно е одгледувачите на овци да се придржуваат кон пропишаните контролни и заштитни мерки за спречување на ширењето на болеста, донесено од страна на Агенцијата и движењето на животните да биде со издаден ветеринарно – здравствен сертификат од надлежното ветеринарно друштво. Доколку сточарите забележат некои симптоми или нагли промени кај животните, вклучително и зголемена смртност, да ги известат ветеринарните друштва и Агенцијата за храна и ветеринарство.

Надлежните институции спроведуваат контролни и заштитни мерки во заштитната зона во радиус од 3 километри и во зоната под надзор во радиус од 10 километри околу одгледувалиштата каде што е потврдена болеста, со цел навремено информирање на сточарите за појавата и ширењето на болеста.

Дополнително, на средбата беше истакнато дека извозот на јагнешко месо, производи од јагнешко месо и производи од млеко добиено од овчо млеко кои биле подложни на пастеризација не е доведен во прашање, движењето на животните од одгледувалиштата кон кланичните капацитети не е забрането, додека во сила остануваат рестрикциите за движење на живи животни и за работа на добиточните пазари. Во зависност од развојот на епидемиолошката состојба на терен се очекува кон средината на идниот месец да бидат донесени нови заштитни и контролни мерки за справување со болеста.

 

Поврзани новости

Back to top button