Трипуновски контра власта- Жителите масовно ги колат свињите се плашат дека ќе им бидат земени
Трипуновски: Состојбата со африканската свинска чума е сериозна, потребни се конкретни мерки
После партиските активности, шетањето и прославувањето на роденденот во Словенија, министерот за земјоделство Љупчо Николовски Путерот конечно се огласи и се пофали дека се одржал првиот, повторувам првиот состанок на координативното тело за мониторинг и спречување на ширење на болеста Африканска свинска чума, и констатира дека состојбата во моментот е стабилизирана, на кој притоа тој како министер не беше присутен.
Ова е тотално потфрлање со целата ситуација, откако свињарскиот сектор беше загрозен, откако одгледувачите на свињи беа приморани сами да се снаоѓаат и да бараат решение за справување со болеста, Николовски без срам и перде, без малку чувство на одговорност констатира дека се е под контрола, заборавајќи дека во најголемото жариште, тој не беше тука, а ниту АХВ ниту тој не предложија никакви мерки за спречување на болеста.
Како состојбата е стабилизирана кога само пред два дена медиумите пренесуваа дека жителите на кочанските села масовно ги колат домашните свињи, бидејќи поради појавата на африканска свинска чума, се плашат дека свињите ќе им бидат земени, а тие ќе останат и без пари и без храна за претстојното зимо, што може да значи дека африканската свинска чума е распространета насекаде.
НЕ, ништо не е под контрола. Ситуацијата и понатаму е сериозна, и наместо вакви статуси од канцеларија Николовски мора да сфати дека како најповикан треба посериозно да ја сфати работата, од канцеларија, со евтин пи-ар и со фотографирање не се решава ниту еден проблем со кои се соочуваат граѓаните, туку на терен со конкретни мерки и стратегија.
Се друго е дегутантно да се зборува. Повеќе од очигледно е дека власта е тотално дезориентирана и веќе не знае каде тера.
Но, најстрашно е што не прифаќаат помош и сето тоа на штета на граѓаните, а се тотално неспособни.
Оставки ВЕДНАШ!
Цветан Трипуновски – ВМРО-ДПМНЕ