fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Трипуновски меѓу земјоделците во Стајковци

Земјоделството е колабирано и има премногу неправилности, субвенциите не е се исплатени, системите за наводнување се руинирани, земјоделското земјиште не се распределува кај вистинските земјоделци, домашните земјоделски производи стојат неоткупени додека се увезува од странство по доста повисоки цени.

Остварив средба со земјоделците од Стајковци.
Разговаравме за сите актуелни теми од земјоделството и за проблемите со коишто се соочуваат изминатиов период. Земјоделството е колабирано и има премногу неправилности, субвенциите не е се исплатени, системите за наводнување се руинирани, земјоделското земјиште не се распределува кај вистинските земјоделци, домашните земјоделски производи стојат неоткупени додека се увезува од странство по доста повисоки цени.
Македонските земјоделци не заслужуваат да се соочуваат со вакви проблеми, сето ова треба да се решава тековно, ВМРО-ДПМНЕ има програма како плански да се решат сите овие проблеми, бидејќи земјоделците се оние кои ја хранат Македонија и грижата за нив треба да биде на највисоко ниво, објави дополнитениот заменик министер Цветан Трипуновски
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close